Гвардиола се пожали: Никогаш претходно не сум бил во ваква ситуација
Во вчерашниот натпревар повреди заработија Аканџи, Рубен Дијаз и Савињо и тие само ја зголемија „болницата“ во редовите на „граѓаните“.
Лошата ситуација по натпреварот ја потврди и Гвардиола.
„Во овој момент имаме само 13 здрави фудбалери и тоа е навистина голем проблем. Девет години сум тука и никогаш претходно не сум бил во ваква ситуација“, изјави Пеп.
Покрај споменатите тројца од претходно повредени се: Кајл Вокер, Кевин Де Брујн, Оскар Боб, Џереми Доку, Џек Грилиш и Родри за кого сезоната е завршена.