Пред Јуриќ поставен услов: Хрватот добил шанса да си ја спаси работата

Иван Јуриќ не е долго на кормилото на Рома, но во Италија веќе на големо се пишува дека би можел да добие отказ поради лошите резултати.

Ситуацијата во Рим стана посебно аларматна по дебаклот од Фиорентина во кој „волчицата“ беше поразена со убелдиви 5:1, но „Корире дела Сара“ пренесува дека Јуриќ ќе дбие прилика да си ја спаси работата.

Клучни за хрватскиот стратег ќе бидат следните два натпревари. Првиот вечерва во кој Рома го дочекува поранешниот клуб на Јуриќ, Торино, додека во недела во рамките од 11. коло неговите избраници гостуваат на Верона.

Исто така се наведува и дека Рома се откажала од идејата да го врати Даниеле Де Роси кој се уште е на платниот список на клубот.