Мурињо се повреди на тренинг па испрати порака до младите тренери (ВИДЕО)

Жозе Мурињо имаше мала непријатност на тренинг на Фенербахче која ја искористи за интересен пост на социјалните мрежи.

Фудбалерите на Фенер беа поделени во два тима, а во средината на нивната тренинг игра беше Мурињо. Во еден момент тој случајно беше удрен од еден од играчите по што падна на теренот и со помош на докторите беше изнесен од теренот.

„Лекција за младите тренери. Никогаш не носете исти бои како фудбалерите. Може да ви ја додадат топката или да ве удрат од позади“, напиша Мурињо смеејќи се.