Невил: Тен Хаг ги доведе двете најлоши засилувања во историјата на Манчестер јунајтед

Eрик Тен Хаг повеќе не е тренер на Манчестер јунајтед, но се уште е тема на поранешните асови на гигантот од „Олд Трафорд“.

Холанѓанецот отказот го доби во понеделеникот, а во вчерашниот натпревар против Лестер во Лига купот тимот го водеше Руд Ван Нистерлој и јунајтед победи со 5-2.

Зборувајќи за Тен Хаг, Невил истакна дека според него Тен Хаг во клубот ги довел двете најлоши засилувања во историјата на клубот. Станува збор за Бразилците, Антони и Касемиро.

„Неговото наследство може да се собере само во два трофеи за исто толку години. Трансфер политиката е ужасна веќе 10 години и тој самиот беше жртва. Мислам дека е вклучен во доведувањето на двете најлоши засилувања во историјата, Антони и Касемиро“, изјави Невил.

Како што вели Невил двајцата биле доведени во паника.

„Ги доведоа во паника за 140-150 милиони фунти по поразот од Брентфорд. Би сакал да ме дементираат и во наредниот период да ги оправдаа вложените пари“, додаде легендата на „црвените ѓаволи“.