Уште една трагикомична судиска одлука во ПМФЛ (ВИДЕО)
Фудбалерите на Гостивар се обидуваа да стигнат до гол за погодок, а по еден изведен корнер топката заврши во рака на дефанзивец на Пелистер, меѓутоа тоа не беше доволно за да реагира судијата.
Иако во некои други земји најверојатно веднаш би покажале на белата точка и без помош од ВАР-технологијата, сепак очигледно на македонскиот фудбал му е потребен видео-системот со цел да се намали бројот на грешки во иднина.