Добра вест за Ѓоковиќ од Париз – сега има големи шанси за место во финалето во Торино!
Од француската престолнина стигнуваат добри вести за српскиот тенисер и тоа за елиминација на рускиот тенисер, Андреј Рубљов, уште во првиот круг од Аргентинецот Франсиско Серундоло (6-7, 6-7). Ѓоковиќ во моментов се наоѓа на шестата позиција со 3.910 поени, додека норвежанецот Каспер Руд има 3.855 поени и му беше потребна само една победа за да го надмине Србинот, но и тој доживеа пораз од Австралиецот Џордан Томпсон (6-7, 6-3, 4-6). Рубљов, кој сега има 3.725 поени, до крајот на годината не се пријавил за ниту еден турнир, а за да го надмине Ѓоковиќ му треба да освои трофеј.
Во меѓувреме и Алекс де Минор, Григор Димитров и Стефанос Циципас се стремат кон високи резултати за да му се приближат на Ѓоковиќ, но за тоа им се потребни ептен врвни резултати.