Минимален, но важен триумф на Наполи против Лече (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи славеа минимална но важна победа во деветтото коло од Серија А против Лече (1-0).

Избраниците на Антонио Конте успеаа да слават против храбриот Лече кој денеска се прикажа во одлично светло и имаше свои шанси, но сепак изостана реализацијата.

Се тресеше мрежата на гостите по 26 минути, меѓутоа тој гол на Ди Лоренцо беше поништен по реакција на ВАР поради недозволена позиција. На пауза се замина со почетниот резултат.

Моментот на одлука се случи во 73. минута кога Ди Лоренцо, одново ја затресе мрежата. Се проверуваше и овој погодок во ВАР собата, но остана да важи.

За Наполи овој триумф е посебно важен затоа што викендов меѓусебе играат Интер и Јувентус кои се втората и третата позиција.