Дедо на голот му ги одбрани сите удари на Меси – и покрај тоа Интер победи (ВИДЕО)

Екипата на Интер Мајами со победа го почна настапот во плејофот во МЛС лигата и тоа на пред своите навивачи против Атланта јунајтед (2-1), во меч во кој покрај многуте ѕвезди во домашниот тим главен „фраер“ на теренот беше 40-годишниот голман на гостинскиот тим.

Станува збор за поранешниот чувар на мрежата на Астон Вила, Бред Гизен, кој ноќеска имаше дури десет одбрани, а патем успеа да ги „фати“ сите удари на Лионел Меси кон неговиот гол. Тој и покрај тоа двапати ја вадеше топката од сопствената мрежа – прво по ударот на Луис Суарез во втората минута, а потоа и по спектакуларниот погодок на Жорди Алба во 60. минута.

Ова беше прв дуел од осминафиналната пресметка, а реваншот во Атланта е закажан за следната сабота (3 ноември).