Лејкерс му дадоа на Џејмс јуниор да влезе во историјата, па го пратија во – Втората лига!
Натпреварот против Минесота тимбервулфс засекогаш ќе се памети во семејството на еден од најдобрите на сите времиња, но дали и кога тој ќе се повтори зависи од напредокот на наследникот. Џејмс јуниор беше избран како 55. избор на драфтот, а во претсезоната одигра потпросечно со просек од 4,2 поени по натпревар, заедно со лоши 9/37 од поле и уште полоши 1/12 за тројка. Тој сезоната ќе ја продолжи во дресот на Саут Беј Лејкерс, а тренерот на легендарниот НБА тим, Џеј Џеј Редик, тврди дека тоа отсекогаш била идејата.
„Тоа беше договорено на првиот ден. Разговарав за тоа со генералниот директор Роб Пелинка. Леброн исто така зборуваше за тоа“, тврди Редик.
Брони одигра три минути во својот прв и досега единствен натпревар во НБА лигата и не се запиша меѓу стрелците.