„Ембид не сака шампионски прстен, туку милионите кои му ги нуди клубот“
НБА-лигата неодамна најави истрага против Ембид за кој се сомнева дека намерно пропушта натпревари на клубот, а по центарот „распали“ и легендарниот О’Нил.
„Зошто не може да игра натпревари од ден за ден кога тие не се толку напорни? За мене тоа е знак дека не сака да освои шампионски прстен. Очигледно не мисли на успех, туку само на милионите кои ги добива од клубот. Мора да останеш мотивиран ако сакаш да успееш“, кажа Шекил.