Манчестер јунајтед имал молба до градскиот ривал, но добил „корпа“ од Сити!

Манифестацијата за доделување на „Златната топка“ ќе се одржи во организација на „Франс Фудбал“ в понеделник, а многумина сметаат дека престижната награда ќе му припадне на Винисиус Жуниор.

Освен таа награда, ќе бидат доделени и други признанија како што е за најдобар млад фудбалер, а во конкуренција за за наградата се и двајца фудбалери на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо и Коби Мејну.

Но наместо за тоа колку големи се нивните шанси за наградата, главна тема е потегот на „црвените ѓаволи“ кои побарале од градскиот ривал Манчестер сити да ги земе Мејну и Гарначо во нивниот приватен авион.

„Граѓаните“ ја одбиле молбата од ривалот затоа што немале доволно место во авионот, а самиот потег на Јунајтед ги налути навивачите на клубот од „Олд Трафорд“.