Бастијанини беше најбрз на спринтот во Тајланд (ВИДЕО)

Возачот на Дукати, Енеа Бастијанини славеше на спринт-трката која се возеше пред Големата награда на Тајланд во Мото ГП шампионатот.

Италијанецот ја запиша втората победа во спринт-трките, откако за повеќе од секунда ипол беше побрз од Хорхе Мартин од Прамак Дукати.

Шпанецот контроверзно стигна до второто место, откако по предупредување излета надвор од патеката, но не доби казна поради неговиот потег.

На третата позиција заврши бранителот на титулата Франческо Бањаја, кој беше една секунда побавен од својот ривал во борбата за титулата.

Трката за Големата награда на Тајланд се вози в недела од 9 часот.