Винисиус откри поради кој клуб би заминал од Реал Мадрид

Винисиус Жуниор важи за еден од најдобрите фудбалери во светот, а во разговор со новинарите откри дека би сакал да ја заврши кариерата во Реал Мадрид, меѓутоа и дека не би можел да одбие понуда од Фламенго.

Бразилецот откри дека има „слаба точка“, односно клуб кој не би можел да го одбие ако го повика да го облече неговиот дрес.

„Мислам дека можам цела кариера да ја поминам во Реал Мадрид, но омилен клуб ми е Фламенго. Се заљубив во Мадрид и сè е супер во екипата, но ако се појави опција да заиграм за Фламенго, тогаш најверојатно ќе го направам тоа“, кажа Винисиус.

Бразилскиот фудбалер го носи дресот на „кралевите“ од 2018 година, а има договор до 2027 година.