Евролигата доживотно суспендира судија од Словенија поради – крадење парфем (ВИДЕО)
Тој лани во април, по завршувањето на обврските во Белград каде што го судеше натпреварот од Евролигата меѓу Партизан и Монако, украде парфем на аеродромот „Никола Тесла“, поради што беше уапсен, а се беше фатено на камера (види ТУКА).
Според шпанскиот новинар Жорди Симо, тој никога повеќе нема да ги суди натпреварите од елитното европско клупско натпреварување, потенцирајќи дека поради овој скандал тој доживотно е суспендиран. Во моментов во Евролигата има 68 пријавени судии.