Мизерија: Тен Хаг има само една победа на последните седум меча!

Манчестер јунајтед игра ужасно оваа сезона, а по вечерашното реми со Фенербахче (1-1) пристигнаа нови критики на сметка на тренерот Ерик Тен Хаг.

Очигледно е дека на Холанѓанецот не му оди најдобро, а тоа го покажуваат и резултатите во последните седум натпревари, откако запиша само една победа.

„Ѓаволите“ во тој период запишаа дури еден триумф, два порази и четири ремија.