Успешна ноќ за Македонците: Триумфи за екипите на Чурлинов, Николов и Шишковски!

Македонските фудбалери имаа одлични настапи во Конференциската лига на УЕФА, откако Дарко Чурлинов со Јагелонија оствари победа од 2-0 против Петрокуб, додека Борац Бања Лука на Дамјан Шишковски и Бобан Николов славеше против АПОЕЛ (0-1).

Двата гола во победата на Јагелонија ги постигна Пулулу, додека Чурлинов остана во игра до 78. минута од натпреварот.

Николов доби шанса во победата на Борац во 58. минута кога влезе од клупата за резерви, додека Шишковски не доби минутажа кај тренерот. Голот за победа на босанскиот тим го постигна Стефан Савиќ во 63. минута.

Останати резултати:

Целје – Башакшехир 5-1
Гент – Молде 2-1
Хартс – Омониа 2-0
Ларне – Шамрок роверс 1-4
Рапид – Ноа 1-0
Сент Гален - Фиорентина 2-4
Панатинаикос - Челси 1-4