Ајакс го распарчи Карабах, минимални победи за Рома и Франкфурт (ВИДЕО)

Вечерва од 18.45 часот беа одиграни седум натпревари во Лига Европа, при што фаворитите ја оправдаа улогата и запишаа победи во третото коло од европското натпреварување.

Ајакс беше немилосрден кон Карабах, па постигна гол за водство преку Тејлор во 36. минута, а во вториот дел Вегхорст и Акпом го потврдија триумфот од 3-0.

Рома со минимални 1-0 славеше против Динамо Киев, а единствениот гол беше дело на Довбик од пенал во 23. минута од натпреварот.

До три бодови стигна и Ајнтрахт Франкфурт кој со 1-0 го надигра РФС, а голот за победа го постигна Ларсон во 79. минута.

Останати резултати:

Фернецварош – Ница 1-0
Макаби Тел Авив – Реал Сосиедад 1-2
Мидтјиланд – Ројале Унион 1-0
ПАОК – Викторија Плзен 2-2