Пресметка на улиците на Истанбул: Нападнати навивачи на Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Вечерва во Лигата на Европа во Истанбул се среќаваат екипите на Фенербахче и Манчестер Јунајтед, а пред натпреварот во турската престолнина биле нападнати навивачи на англискиот гигант.

Според информациите на медиумите поголема група на навивачи на Фенербахче нападнале помала група на фанови на „црвените ѓаволи“, а видео од инцидентот се појави и на социјалните мрежи.

Натпреварот помеѓу Фенербахче и Манчестер Јунајтед се игра во терминот од 21:00 часот, а привлекува и посебно внимание поради Жозе Мурињо кој во минатото седеше и на клупата на „црвените ѓаволи“.