Голема поплава го одложи гостувањето на Милан кај Болоња!

Натпреварот меѓу Болоња и Милан закажан за 26 октомври ќе биде одложен поради тоа што властите соопштија дека не постојат услови за одигрување на средбата по гоелмите поплави.

Регионот се соочува со големи поплави, поради што натпреварот ќе биде одложен, а засега не е одреден нов термин за одигрување на средбата меѓу екипите.

Милан во моментов се наоѓа на четвртата позиција со 14 бодови, додека Болоња е на 12. позиција со девет поени.