Манчини не издржа во С. Арабија - по 14 месеци го раскина договорот!

Саудиска Арабија ќе мора да бара нов селектор, откако Роберто Манчини реши да го напушти кормилото на репрезентацијата, иако за да го преземе националниот тим потпиша договор вреден 50 милиони долари.

Манчини не се прослави на селекторското столче на Саудиска Арабија, а притоа ја критикуваше и политиката на домашните тимови кои се решаваат да потрошат многу пари за странци, а притоа не вложуваат во своите фудбалери.

Како негов наследник веќе некое време се споменува Ерве Ренар, додека Манчини се очекува да се врати во Европа.