Судот в петок ќе донесе одлука: Мбапе го тужи ПСЖ за 55 милиони евра!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе води судски спор против ПСЖ поради неисплатени плати и бонуси во износ од 55 милиони евра.

Мбапе тврди дека клубот од Париз неколку месеци пред крајот на договорот не му исплатил плати и бонуси како на останатите фудбалери, па поради тоа бара отштета од 55 милиони евра.

Конечната одлука се очекува во петок, кога ПСЖ ќе дознае дали ќе се спаси или ќе мора да му исплати огромна сума пари на Мбапе.