Барселона повторно го одложи враќањето на „Камп Ноу“

Каталонскиот гигант Барселона дефинитивно ќе ја доигра сезоната како домаќин на стадионот „Монтжуик“, откако стана јасно дека нема набрзо да се завршат градежните активности на „Камп Ноу“.

Барселона повеќе не ја разгледува опцијата за напуштање на „Монтжуик“, па го одложи враќањето на нивниот „Камп Ноу“ дури следната сезона.

„Релево“ објави дека Барселона требаше да се врати на „Камп Ноу“ во ноември 2024 година, меѓутоа мораше да го одложи тоа поради градежните активности на стадионот.