Мијатовиќ ја донесе првата одлука: Во иднина ќе нема пушење во Партизан!

Новиот предводник на Партизан, Предраг Мијатовиќ, сака да го направи спортскиот сектор на црно-белите пооперативен и поефикасен, поради што веќе ги направи првите чекори.

Тој заедно со новиот и со стариот спортски директор, Ивица Илиев и Ивица Краљ, го посетија спортскиот центар „Партизан - Телеоптик“ каде што пред утринскиот тренинг им се обратија на фудбалерите на првиот тим на Партизан. Црно-белата легенда ги објави и новите правила кои ќе треба да се почитуваат.

Меѓу првите мерки ќе биде забраната за пушење во клупските простории, а за тоа ќе се обезбедат посебни зони. Ќе се воведе и посебен „дрес-код“ како за централната ложа на стадионот, така и за други настани поврзани со спонзорите. Нема да има повеќе лежерно облекување и костумите ќе бидат задолжителни.

Исто така, ќе се води сметка за дисциплината на вработените, кои ќе треба да се однесуваат согласно големината на клубот. Мијатовиќ ја истакна и лошата состојба во младинската школа и апелираше помладите категории да добијат нова опрема.