Податок за верувале или не: Дибиров првпат пропушти натпревар во ЛШ по 21 година!

Тимур Дибиров е легенда на Вардар, но и на европскиот и светски ракомет, а доказ за тоа е последниот податок кој пристигнува од ракометната Лига на шампионите.

Имено, Дибиров не беше во составот на Загреб во поразот на гостувањето кај Нант поради повреда на листот која ја заработи со ПИК Сегед. Дибиров е надвор од терените три недели и планот е да биде спремен за натпреварот со Магдебург по ЕХФ неделата за репрезентација.

И сето ова не би било посебно чудно ако Дибиров претходно во 21 година колку што настапува во Лигата на шампионите не пропуштил натпревар во ова натпреварување и тоа навистина звучи неверојатно. Дибиров во ракометната елита освен со Вардар и Загреб се натпреваруваше и со Чеховски Медведи.

Исто така милиненикот на вардаровата публика е и трет најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите. Рускиот ракометар е на бројката од 969 гола и пред него се само Никола Карабатиќ со 1.039 гола и македонската ракометна легенда Кире Лазаров со 1.367 гола.