Доставувач на храна беше главна ѕвезда на меч од тенискиот турнир во Виена (ВИДЕО)

На тенискиот турнир во Виена, поточно на мечот меѓу Лучијано Дардери и Џек Дрејпер, беше видена необична сцена, откако во центарот на вниманието се најде доставувач на храна, кој имаше нарачка од трибините.

Сцената насмеа многумина, а доставувачот побара помош од девојката од организацијата на турнирот, за да знае точно каде да го однесе јадењето. Многумина во коментарите под видеото на социјалните мрежи коментираа дека се работи за маркетинг, но на официјалниот профил на турнирот во Виена тоа беше демантирано со објаснување дека навистина овозможуваат достава до трибините за време на натпреварите.

Дрејпер, инаку, го совлада Дардери со 7-5, 6-1 и со тоа се пласираше во четвртфиналето на овој турнир.