Дерби на „Градски“: Вардар на мегдан со Тиквеш во Купот на Македонија

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска од 14.00 часот ќе се обиде да ја прекине резултатската криза и конечно да оствари триумф, но нема воопшто да има лесна задача затоа што ќе се соочи против Тиквеш, кој е актуелен освојувач на Купот на Македонија.

Вардар пред еден месец се соочи против Тиквеш во Кавадарци, но мечот го одбележа скандал кога помошниот судија беше погоден со тврд предмет од трибините, откако претходно им поништи гол на домаќините.

Тиквеш доаѓа во Скопје по одмазда против „црвено-црните“ кои се во ужасна форма, односно имаат четири порази по ред, и тоа од Силекс, Шкендија, Струга и Воска Спорт.

На трибините на градскиот стадион во Скопје се очекуваат и голем број навивачи на Вардар, откако „Комити“ пред неколку дена го најавија „Народниот фронт“ за спас на клубот.

„Свесни за одговорноста и ситуацијата во која се наоѓа клубот, а водени исклучиво од најискрените идеали, го отвораме НАРОДНИОТ ФРОНТ - ЗА ВАРДАР! Во среда на западната трибина ќе се обединат сите генерации, рамо до рамо ќе застанат сите екипи - секој член, сите оние кои размислуваат поинаку! Не е важно дали си млад или стар, дали си навивач или симпатизер, во среда сме СИТЕ НА ЗАПАД-СИТЕ ЗАЕДНО! Нашиот став да го искажеме заеднички, пред полна западна трибина, директно во очи на оние кои мислат дека се над клубот. Не се и никогаш нема да бидат. Вардар е клуб на народот, бил и ќе остане! Во име на сите битки за клубот, во име на традицијата и емоцијата – БОРБА“, соопштија „Комити“.

Интересен натпревар се очекува и во Кратово, каде што ќе се соочат Силекс и Шкупи. Домаќинот 

Куп на Македонија - осминафинале (14.00 часот):

Брера Струмица – Беса
Арсими – Воска Спорт
Гостивар – Брегалница
Пелистер – Детонит Плачковица
Шкендија – Шкендија Арачиново
Силекс – Шкупи
Струга – Македонија ЃП
Вардар – Тиквеш