Пет лица убиени на фудбалски меч во Јамајка!

Најмалку пет лица загинале за време на пукање кое се случило на пријателски натпревар во Јамајка.

Вооружени напаѓачи од трибините почнале да пукаат кон останатите навивачи на трибините, при што убиле пет лица и повредиле други фанови.

Полицијата по инцидентот воведе полициски час во таа област, а со соопштение откри детали.

„Седум лица се повредени и пет се убиени за време на инцидентот“, соопштија од полицијата.

Според шпекулациите, наводно станува збор за пресметка меѓу банди, но засега нема потврда од полицијата.