Познато колку вреди златниот рекет кој го доби Надал од Саудијците (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал неодамна настапи на турнирот „Шесте кралеви“ во Ријад, а притоа доби и златен рекет од Саудијците.

„Марка“ пишува дека златниот рекет на Надал се проценува на вредност од неверојатни 250.000 евра и истиот тежи околу три килограми.

Турнирот „Шесте кралеви“ заврши со триумф на италијанскиот тенисер Јаник Синер, кој во финалето беше подобар од Новак Ѓоковиќ.