„Фергусон е еден од виновниците за кризата во Манчестер јунајтед“

Поранешниот дефанзивец на англискиот гигант Манчестер јунајтед, Патрис Евра смета дека еден од виновниците за кризата во премиерлигашот е легендарниот тренер Сер Алекс Фергусон.

Фергусон неодамна доби отказ од „ѓаволите“, односно повеќе не е амбасадор на тимот, а Евра даде коментар за ситуацијата во која се наоѓа гигантот со години.

„Тешко ми е да зборувам за Јунајтед во моментов затоа што во минатото игравме за тимот и навивачите. Исчезнаа тие вредности. Се обвинувам себеси, но и Фергусон. Кога заминавме, тоа се случи премногу рано и тешко е за играчите кога немаат одреден пример да следат“, кажа Евра.

Гигантот од „Олд Трафорд“ ја освои последната титула во Премиерлигата во далечната 2012 година.