Историја: Татко и син за првпат заиграа заедно во НБА-лигата!

Еден од најдобрите кошаркари во историјата Леброн Џејмс конечно го оствари својот сон и загра со неговиот син Брони Џејмс во НБА-лигата.

Лос Анџелес Лејкерс ја почна сезоната со победа против Минесота тимбервулвс, а мечот го одбележа историски момент, односно за првпат заиграа татко и син во најсилната кошаркарска лига.

Наследникот на Леброн, сепак, не се прослави и на паркетот помина три минути и промаши еден удар.