Гостивар најде нов тренер - Бразилец кој порано играл за Фенербахче!

Македонскиот прволигаш Гостивар вечерва соопшти дека 43-годишниот Бразилец Марсио Нобре е замената за Муарем Муарем кој претходно го напушти кормилото на тимот.

Нобре доаѓа од Турција, каде што претходно работеше во Чорум, но беше и дел од уште неколку турски екипи во изминатите години.

Бразилецот во минатото го носеше дресот на Фенербахче и Бешикташ, но играше и за бразилски Крузеиро и Парана, јапонска Кашива Рејсол и швајцарски Вил.