Вардар се бореше храбро, но бодовите ги освои Порто (ФОТО)
Порто влезе во ритам на самиот старт на натпреварот и создаде водство од 6-3, меѓутоа Вардар возврати со серија од 4-0 и го сврте мечот во своја корист (7-6).
Гостинскиот тим повторно направи пресврт (10-8), но Вардар не се предаваше и се бореше храбро на теренот, па на паузата замина со водство од 12-10.
До средината на второто полувреме „црвено-црните“ ја чуваа предноста, но потоа почнаа проблемите во нападот на скопскиот гигант, а тоа го казни Порто за да стигне до 22-18. „Црвено-црните“ покажаа знаци на живот во финишот, меѓутоа немаа сила да се спасат од пораз (22-26).
Диого Оливеира постигна седум погодоци за Порто, додека Родригез беше најефикасен стрелец кај Вардар со четири гола.
Вардар е на третата позиција во групата Ф со два бода, додека пред него е Порто со три поени и Мелсунген со шест бодови.