Миовски ќе чека шанса од клупа против Слован Братислава

Вечерва од 21 часот се играат уште неколку натпревари од третото коло во Лигата на шампиони (ЛШ), а македонскиот репрезентативец Бојан Миовски повторно нема да биде стартер за Жирона.

Тренерот на Жирона реши да го остави Миовски на клупата за резерви, додека во нападот му даде шанса на искусниот Кристијан Стуани.

Шпанската екипа досега запиша два порази во елитното натпреварување, откако загуби од ПСЖ со 0-1 и Феенорд со 2-3.