„На Партизан не му е потребен Пеп Гвардиола, туку Саво Милошевиќ“

Српскиот фудбалски гигант Партизан ги ангажираше Предраг Мијатовиќ и Данко Лазовиќ со кои ќе се обиде да се врати на патот на успехот и конечно да се вклучи во борбата за титула.

На денешната прес-конференција, Лазовиќ откри дека Партизан има долг од 60 милиони евра, но наскоро се очекува стабилизација на тимот, додека Мијатовиќ имаше свое шоу и на интересен начин му даде поддршка на тренерот Саво Милошевиќ.

„Данко ќе го носи најтешкиот товар, а сите ќе работиме без да земеме плата, само за доброто на Партизан. Јас зборував и со Расим Љајиќ и го прашав за одредени работи. Ми се допаѓа тоа што призна каква е состојбата. Зборувавме и со Саво, ја има нашата поддршка. И да не ни беше тренер, јас ќе инсистирав да го ангажираме. Не ни треба Пеп Гвардиола, тику Саво Милошевиќ“, кажа Мијатовиќ.

Партизан се наоѓа на четвртата позиција во српската Суперлига со 20 бодови, односно 11 помалку од лидерот Црвена Звезда.