Европски гиганти се „тепаат“ за фудбалер кој игра за – хрватски третолигаш!
Како што тврди Италијанецот, преговорите веќе се почнати, а освен Атлетико во трката за потписот на едвај полнолетниот интернационалец од Мали се вклучиле уште неколку клубови – се споменуваат дури и Арсенал и Реал Мадрид! Кулибали во хрватската Трета лига пристигна во јануари, откако претходно ги одби понудите од Лил и Виљареал, веднаш штом наполни 18 години.
Кустошија за талентираниот фудбалер плати 500.000 евра, што е најголемиот трансфер во историјата на Хрватска за третолигаш.