Проблеми за Инзаги: Интер ослабен во ЛШ и италијанското дерби

Фудбалерите на Интер славеа 1:0 против Рома, но овој натпревар не помина без проблеми за „нероаѕурите“.

Како што сега стојат работите повредите на Чалхноглу и Франческо Ачерби не се толку наивни и тоа ги загрижува луѓето во стручниот штаб.

Интер утре ќе игра натпревар против Јанг Бојс во Берн, а потоа в недела на „Џузепе Меаца“ ги чека дербито со Јувентус.

Двајцата фудбалери сигурно нема да настапат против Швајцаријата, но веројатно ќе ги нема и против Јувентус.

„Скај Спорт Италија“ пренесува дека мали се шансите тие да играат во дербито. На табелата Интер по осум одиграни кола е втор со 17 бода и има само бод повеќе од ривалот кој е трет.