Бурна ноќ во Валенсија: Тимот на Димитриевски на дното, навивачите го „запалија“ градот (ВИДЕО)

Некогашниот првак на Шпанија и двоен финалист во Лигата на шампионите, Валенсија минува низ најтешкиот период во својата понова историја.

Синоќа, тимот чиј член е македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски загуби на домашен терен од Лас Палмас со 1-2 по што остана закован на последното место на табелата во Ла Лига. Тоа предизвика голем револт кај навивачите на Валенсија кои цела ноќ протестираа пред Местаља и низ улиците на градот, барајќи заминување на сопственикот Питер Лим.

Додека протестираа, бесните навивачи палеа се пред себе и влегоа во конфликт со полицијата. Протестот се претвори во војна на улиците во која се повредени неколку навивачи и полицајци.

Питер Лим е еден од најомразените ликови на навивачите на Валенсија. Сопственик на клубот е од 2014 година кога губи 70,4% од акциите, но фановите не се задоволни од неговата работа и од развојот на некогашниот шпански гигант. Откако е тој сопственик, Валенсија има само еден трофеј и тоа во 2019 година, во Купот на Шпанија. Екипата не партиципира ни во европските купови иако порано беше редовен учесник во Лигата на шампионите.