Монца ја освои Верона за прв триумф во Серија А
Мота во деветтата минута го најави триумфот на Монца, иако Верона постојано се закануваше кон голот на ривалот.
По пропуштените шанси на Верона пристигна казната во 74. минута кога Мота го постигна вториот погодок, додека конечните 3-0 беа дело на Бианко.
Монца со оваа победа скокна до 16. место во Серија А со седум бодови, додека Верона е на 13. место со девет поени.