Прекинато дербито меѓу Будуќност и Ц. Звезда во Подгорица

Дербито меѓу Будуќност и Црвена Звезда во АБА-лигата беше прекинато во последната четвртина, откако домашните навивачи погрдно скандираа кон кошаркарите на српскиот клуб.

На средина на последната четвртина навивачите почнаа погрдно да скандираа кон Немања Недовиќ, кој им „диригираше“, по што редарите отстранија неколку навивачи од трибините.

Меѓутоа не се смири атмосферата во салата во Подгорица, поради што натпреварот мораше да биде прекинат, а „црвено-белите“ се повлекоа во соблекувалната.