Несекојдневен потег на тренерот на Милан - отворено го кажа стартниот состав за мечот со Бриж
Обично тренерите до последен момент ги кријат составите со кои почнуваат, но тоа не важи за португалскиот стручњак кој отворено кажа со кого планира да почне
„Победата против Удинезе ја врати самодовербата и влијаеше на позитивната атмосфера која веќе ја имавме во Миланело. Затоа мораме да победиме утре во Лигата на шампионите. Не мислам дека ова а одлучувачки натпревар, но секако е мнову важен затоа што се уште немаме освоен бод. Леао и Тео ќе играат утре, Ејбрахам нема да почне и ќе ви го кажам целиот тим: Мењон, Емерсон, Габија, Томори, Тео (Ернандез н.з.), Фофана, Рејндерс, Лофтус-Чик, Пулишиќ, Мората и Леао“, објави Фонсека.
Дуелот меѓу Милан и Бриж се игра на Сан Сиро, утре од 18:45 часот. Интересно е тоа што Бриж во него влегува подобропласиран во однос на Милан бидејќи има една победа, од натпреварот против Штурм во второто коло.