Една промена во топ 10 тенисери во светот на најновата ранг листа

Jaник Синер зад себе има неверојатна сезона во која доминира во светскиот тенис, па така Италијанецот е сигурен на врвот најмалку до февруари.

Денеска беше објавена најновата ранг листа на која Синер има 11.920 бода, додека зад него Карлос Алкараз е со 7.120, а на третата позиција е Александар Зверев со 6.795 бода.

Новак Ѓоковиќ е четврти со 6.210 и зад него следуваат Данил Медведев, Тејлор Фриц, Андреј Рубљов и Каспер Руд.

Во однос на претходната недела единствената промена во топ 10 тенисери е смената на позициите на Григор Димитров и Алекс Де Минор. Бугарскиот тенисер сега е деветти со 3.735 бода, а австралискиот тенисер десетти со 3.570.