Во пензија со стил: Надал од Саудијците доби златен рекет (ВИДЕО)

Својот последен натпревар во поединечна конкуренција, Рафаел Надал го одигра на егзибицискиот турнир во Ријад каде синоќа се сретна со својот голем ривал Новак Ѓоковиќ.

Пред неколку дена, тој соопшти дека заминува во пензија на крајот од сезоната, а му останува само завршницата од Дејвис купот каде, како што рече, може да игра само во двојки. Организаторот на турнирот во престолнината на Саудиска Арабија се погрижи со стил да го испрати Надал.

По мечот против Ѓоковиќ кој беше и дуел за третото место на турнирот, домаќинот Турки Ал Шеик отвори кутија во која се наоѓаше луксузен подарок. Од неа извади златен рекет во природна големина, чија вредност се проценува на над милиони долари, а публиката беше воодушевена од тоа што го гледа.

Ова не е прв случај во тенисот да се доделува ваков подарок. Во 80. години од минатиот век, победникот на турнирот во Антверпен добиваше рекет од дијаманти затоа што овој град се смета за престолнина на трговијата со овие драги камења.