Ферстапен пак не успеа, шеста пол-позиција на Норис сезонава

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на САД, на патеката во Остин.

Британецот беше најбрз на ноќешните квалификации, пред Макс Ферстапен од Ред Булс и Карлос Саинс од Ферари. На Ферстапен не му помогна ни тоа што победи во спринтот и тој се уште ја чека првата пол-позиција по јуни годинава. Што се однесува до Норис, ова е шеста победа за него во квалификациите и четврта на последните пет трки. Голема помош во ноќешната победа имаше од Џорџ Расел кој во клучните моменти излета во третиот сектор и удри во ѕид поради што ги оневозможи другите возачи да ги завршат своите кругови, а со тоа и, евентуално, да го престинат Норис.

До десеттото место, на денешната трка ќе стартуваат уште Шарл Леклер, Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Пјер Гасли, Фернандо Алонсо, Кевин Магнусен и Серхио Перес.