Проблем за Инзаги: Интер ослабен во неделното дерби

Шампионот Интер во недела од 20:45 часот и гостува на Рома во дербито од осмото коло во Серија А, а тренерот Симоне Инзаги во овој натпревар нема да може да го ротира составот како што прави од стартот на сезоната.

Плановите на Инзаги ги расипува Пјотр Зјелински кој претходно мораше да го напушти натпреварот во Лигата на Нации против Хрватска во кој постигна и еден гол.

Повредата за полскиот фудбалер дојде токму во моментите кога влегуваше во форма. Прегледите во клубот покажаа дека е во прашање само истегнување, па тој ќе го пропушти неделнито натпревар.

Интер не сака ништо да ризикува бидејќи наредниот викенд следи „Дербито на Италија“ против еден од главните конкуренти за Скудетото, Јувентус. Во овој момент Интер е втор на натабелата со 14 бодови од седум натпревари, два помалку од Наполи и еден повеќе од Јувентус, Лацио и Удинезе.