Еден од најславните шпански клубови ставен на продажба

На почетокот на 21. век Валенсија беше важен фактор во борбата за трофеи во Шпанија и во Европа, но во последните години клубот нема успех каков што посакуваат навивачите.

Единствен трофеј во изминатите години беше шпанскиот куп во 2019 година се останато е под нивото на очекувањата.

Сега како што пренесуваат шпанските медиуми „светлото на крајот на тунелот“ би можела да биде продажбата на клубот. Актуелниот претседател Питер Лим наводно донел одлука да го отстапи клубот, а „АС“ дојде до документ кој покажува дека тој би се откажал од Валенсија за сума помеѓу 350 и 400 милиони евра.

Питер Лим кој е во лош однос со навивачите поседува 91.5% од акциите на клубот, но протестите на навивачите се главната причина поради која сака да ја продаде Валенсија.

Летово во редовите на Валенсија пристигна и македонскиот голман Столе Димитриевски кој сезонава е резерва на Грузиецот, Мамардашвили.