Македонија од третиот шешир ќе ги чека противниците во мундијалските квалификации (ФОТО)

Пред почетокот на последниот циклус од Лигата на Нации веќе е позната позицијата на Македонија за ждребот во мундијалските квалификации.

Македонската репрезентација ждрепката ќе ја дочека од третиот шешир. Поради проширувањето на следното Светско првенство во САД, Мексик о и Канада во 2026 година, Европа ќе има 16 екипи.

Квалификациите ќе се играат во 12 групи и победниците од секоја група ќе обезбедат директен пласман на Мундијалот, преостанатите четири ќе дојдат од плеј-оф во кој ќе играат второпласираните и најдобро рангираните од Лигата на Нации.

Засега се потврдени шеширити на 38 од 54 репрезентации, а во третиот покрај Македонија сигурни се уште: Република Ирска, Финска, Грузија, Албанија, Исланд, Северна Ирска и Црна Гора, додека се уште не е потврдена позицијата на Шкотска, Словенија и Израел.