Барселона доби одлични вести пред дербито со Севилја
Левандовски доби незгоден удар на мечот меѓу Полска и Хрватска, но по деталните прегледи на докторите било констатирано дека е подготвен за игра.
Барселона ја чека тежок распоред, затоа што игра против Севилја в недела, па со Баерн Минхен во среда и на 26 октомври го чека дерби против Реал Мадрид.
Избраниците на Флик во моментов се на првата позиција со 24 бодови по девет одиграни кола, односно имаат три бода повеќе од Реал Мадрид.