Елмас на радарот на калчолигаш - во јануари се враќа во Серија А?

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го напушти Наполи и се пресели во Лајпциг во трансфер вреден 24 милиони евра, но очигледно не планира уште долго да остане во Германија.

Германските медиуми пишуваат дека Елмас размислува да замине од Лајпциг затоа што оваа сезона одигра само седум минути за бундеслигашот.

Елмас, наводно, е на радарот на тренерот Антонио Конте кој го води Наполи, па наскоро калчолигашот би можел да испрати понуда за македонскиот фудбалер.

Цената на македонскиот играч во меѓувреме падна на „само“ 15 милиони евра, но останува да видиме дали Наполи ќе се обиде да го ангажира на позајмица со можност за откуп на крајот на сезоната или има друг план.