Тоа е луксуз: Семејството Бекам купило куќа во Мајами за рекордни 66 милиони евра

Дејвид и Викторија Бекам платиле рекордни 66,3 милиони евра (околу 72 милиони долари) за куќа покрај море во Мајами Бич, објавија денеска американските медиуми.

КУпопродажбата е завршена минатата недела, а првичната цена на луксузната куќа изнесувала 80 милиони долари што значи дека Бекамови добиле попуст од околу десетина процени. Дури и вака, тоа е рекордна сума за една куќа во таа област, во која живеат богати и славни семејства.

Новиот дом на семејството Бекам се протека на над 24 илјади метри квадратни, има девет бањи, четири тоалети, сала за вежбање, спа, домашно кино, базен и надворешна кујна. Продавач е бизнисменот Никлас де ла Моте кој во 2018 година го купил земјиштето за 9 милиони евра, а потоа на него изградил куќа поради што вредноста е зголемена за над седум пати.