Пешевски: Го скршивме мразот во ЛШ и тоа многу ќе ни помогне

Eкипата на Пелистер ја чека нов нов натпревар во Лигата на шампионите, а покрај тренерот Бранислав Ангеловски натпреварот против Висла Плоцк го најави и пикерот Жарко Пешевски.

Пешевски смета дека првиот бод во Лигата на шампионите освоен против Спортинг кој беше максимален до дуелот со „пелистерци“ треба да биде дополнителен мотив пред дуелот со Висла.

„Конечно го скршивме „мразот“ во ЛШ и ни падна голем товар од грбот. Освоивме бод по долго време и тој ќе ни помогне во домашните и гостинските натпревари. Гостуваме кај одличен противник, екипа која е составена од интернационалци и одличен тренер. Висла игра малку поинаков ракомет од останатите, имаат гранитна одбрана, искусни голмани и сакаат сигурно и смирено да ги завршуваат нападите. Максимално се подготвуваме и имаме свои шанси.

Тие го победија Киелце, ние бевме подобри од Охрид во домашните првенстви, ќе биде супер-неизвесно. Влегуваме со позитивна атмосфера и желба за продолжување на серијата“, изјави Пешевски.

Висла сезонава е без бодови во Лигата на шампионите по четири натпревари, а беа поразени од: Динамо Букурешт, ПСЖ, Спортинг и Фуксе Берлин.

Натпреварот помеѓу Висла и Пелистер се игра утре со почеток од 20:45 часот.